Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска синоќа не дојде на свеченоста за доделување на наградата на Град Скопје „13 Ноември“.
Арсовска не одговорија на телефонските повици, ниту на смс пораката од редакцијата на СДК преку која побарале одговор од неа зошто не присуствувала на свеченоста по повод Денот за ослободувањето на Скопје и не ги врачи наградите на добитниците.
Од нејзиниот ПР тим пак одговориле да испратат прашања на официјалниот мејл на градоначалничката.