Изборните набљудувачи на ЦИВИЛ јавуваат за навремен почеток на денот на гласањето, односно прегласувањето во вториот круг на локалните избори во општина Дебар.
Мониторингот на ЦИВИЛ бележи и случај на непристапност на избирачките места број 0546, 0541, 0544 во ОУ „Пенестија”, каде што претежно гласаат жителите од населба Венец 2.
Уредите за биометриска идентификација на гласачите, повторно, не функционираат во голем број случаи.
На избирачко место 0477 во село Могорче, 9 гласачи имаа проблем со фингерпринт апаратот, додека на избирачко место 477/1, во истото село, се бележат два такви случаи. На сите гласачи кај кои има проблем со уредите, им се дозволува да се регистрираат на алтернативен начин.
На избирачките места во градот Дебар, кои ги посетија набљудувачите на ЦИВИЛ се бележи дека еден од тројца гласачи има проблем со фингерпринт апаратот.
Поради проблемите до фингерпринт апаратите, гласањето се одвива бавно и се создаваат редици пред избирачките места.
Еден гласач го немаше на Избирачкиот список во избирачкото место 0541.