Нејмар: Нема смисла да имаш тим од одлични играчи, ако тој не победува

од Vladimir Zorba
353 прегледи

„Кога дојдов во Пари Сен Жермен, мојата голема цел беше да ја освојам Лигата на шампионите овде. Се трудам да го постигнам тоа од 2017 година до денес. Во моментов нашиот тим е многу силен со новите засилувања кои се привлечени. Тоа се фудбалери кои многу го подигнаа квалитетот, но сепак се прилагодуваме. Кога ќе го завршиме овој процес и ќе се прилагодиме целосно еден на друг, ќе станеме исклучително силни како тим“, изјави бразилскиот репрезентативец Нејмар

За тоа кој е предизвикот да се биде во таков речиси непобедлив тим, кариоката вели дека најтешко доаѓа од тоа што на секој натпревар противниците се исклучително мотивирани и сакаат да победат против тебе.

„Можеме да бидеме голем тим со фантастични играчи, но мораме да играме на секој натпревар како да ни е последен во животот и нашата единствена цел е да победиме. Тоа е како да убиваш лав секој ден. Без никаква релаксација, без губење на концентрацијата. Ако си добар на хартија, во големиот тим тоа треба да го докажуваш на секој натпревар на теренот. Нема смисла да се има тим од големи играчи, ако тој не победува. Значи нешто не функционира, а тоа не е добро. Денес го имаме еден од најдобрите тимови во светот и сите зборуваат за нас, но тоа мора постојано да го докажуваме“, заврши Нејмар, цитиран од „Спортал“.

Слични содржини