454
Автомобил денеска експлодираше пред болница во Ливерпул.
Еден човек загинал, а еден завршил во болница со тешки, но не опасни по живот повреди.
Полицијата соопшти дека случајот се истражува и засега не е исклучено да се работи за терористички акт.
-Автомобилот кој експлодирал бил всушното такси возило, пишува британски „Мирор“.
Очевидци велат дека ја слушнале експлозијата и виделе висок црн чад.
Полицијата веднаш ги затвори сите околни улици.
Жителите од околните згради и граѓаните беа повикани да останат смирени и дека навремено ќе бидат информирани за причините за експлозијата.
Фото: Profimedia