Пејачка на концерт ги соблече гаќите и на публиката и го подари најинтимниот дел од себе

од Vladimir Zorba
567 прегледи

Пејачката на рок бендот Brass Against, Софија Уриста е снимена како ги соблекува панталоните и уринира на лицето на обожавател за време на концерт на Флорида.

Софија со овој чин ја шокираше публиката на фестивалот „Welcome to Rockville“ во Дејтона.

Уриста беше среде изведување на песната „Wake Up“ на Rage Against the Machine кога еден обожавател беше поканет на сцената. Не е јасно дали тој точно знаел зошто е донесен на сцената, но на снимката се гледа како лежи на земја со нешто што личи на лименка на главата додека Уриста чучнува преку неговото лице. Мажот потоа станал и исфрлил дел од урината во правец на публиката.

Бендот оттогаш се огласи на социјалните мрежи за да се извини за инцидентот во име на Уриста, но фановите сè уште изгледаат прилично згрозени од тој чин.

„Синоќа си поминавме одлично во Дејтона. Софија се занесе, тоа не е нешто што би го очекувале, ниту пак ќе го видите повторно на нашите настапи“, напиша бендот.

Коментарите на таа објава беа исклучени, но неколку корисници на Инстаграм го нападнаа бендот во претходна објава со која ја најавуваа европската турнеја.

„Дали сега уринирањето на луѓе е ВИП искуство? напиша еден корисник. „Дали ќе мочаш така во Европа? додаде друг.

Слични содржини