Купување недвижен имот со биткоин: Њујорк го лансираше првиот комерцијален имот со оваа опција

од Vladimir Zorba
239 прегледи

Полека, но сигурно, биткоинот се повеќе се користи за купување стоки за широка потрошувачка, за купување автомобили, јахти и многу повеќе. Листата веќе вклучува недвижен имот, пишува Yahoo Finance.

На пазарот е пуштен првиот комерцијален имот во Њујорк, со можност да се купи само со биткоин. Групацијата „Magnum Real Estate“ објави три стана за продажба, од кои едниот е даден под кирија. Тие се наоѓаат на Менхетен и чинат 29 милиони долари – но плаќањето ќе биде прифатено само во биткоини.

Сместени во новоизградена луксузна станбена зграда во Gramercy Park, тие имаат вкупна површина од над 800 кв.м.

„Побарувачката за недвижен имот е огромна, но не се нуди на сопственици на криптовалути “, рече управниот партнер на Magnum Real Estate Group, Бен Шаул.

„Нашата идеја е да понудиме нешто уникатно и да се обидеме да привлечеме сопственици на криптовалути“, додаде тој.

Ова не е прва продажба за крипто на компанијата. Уште во 2018 година, Шаул влезе во три трансакции за продажба на недвижен имот преку криптовалути. Меѓу нив е и стан од 15,3 милиони долари.

Според Шаул, трансакциите со недвижен имот со помош на криптовалути ќе се зголемат.

Купувањето со биткоин има некои предности, како што е тоа што процесот започнува следниот работен ден, наместо да се чека од 30 до 90 дена, велат експертите.

Неодамна, цената на биткоинот и другите криптовалути достигна рекордно високо ниво и инвеститорите бараат купувања, без разлика дали се работи за недвижен имот, автомобили, опрема или накит.

Растат и купувањата на луксузни предмети со криптовалути. Провајдерот на биткоин услуги за плаќање BitPay, кој работи со брокерот за јахти Denison и дилерите на луксузни автомобили Ferrari и Lamborghini, забележа силен раст. Околу 32% од обработениот обем на BitPay во октомври дојде од купување на луксузни стоки, вклучувајќи накит, злато, јахти и недвижен имот.

Слични содржини