ИСТО како луѓето, и некои раси на кучиња се потврдоглави од другите.
Припадниците на овие раси секогаш сакаат да биде по нивно, поради што не се добар избор за почетници сопственици. На овие кучиња им е потребен сопственик со силна волја кој ќе знае добро да ги одгледува.
5. Ротвајлер
Ова силно куче може да биде прекрасно семејно милениче, но само со искусен сопственик и ако е добро тренирано без попуштање и со цврста конзистентност. Ако недостига дисциплина, ротвајлерот може да почне да дејствува како водач на глутницата, а потоа дури и да покажува агресија.
https://www.instagram.com/p/CV5gtv5jc8p/?utm_source=ig_web_copy_link
4. Џек Расел териер
Палавиот Џек Расел Териер лесно ќе иницира конфликт на волја со својот сопственик доколку забележи дека е неодлучен. Овие кученца се жилави, паметни и енергични.
3. Дакел
Големо куче во мало пакување – ова е најдобриот начин да се опише темпераментниот и многу тврдоглав дакел. Тие се прилично независни и своеволни, па нема да се плашат да се справат со пет пати поголемо куче, само затоа што мислат дека можат.
2. Англиски булдог
Станува збор за исклучително интелигентна раса чии членови можат да бидат прилично тврдоглави доколку сопственикот не е доволно одлучен. Англискиот булдог мора да го почитува својот сопственик бидејќи ако тоа не постои, целосно ќе ја игнорира секоја негова заповед.
https://www.instagram.com/p/CV25K1apuLl/?utm_source=ig_web_copy_link
1. Бигл
Симпатично независен, биглот ќе најде забава каде било ако го оставите на мира. Може да настане неволја доколку сопственикот е премногу рамнодушен и не посветува доволно внимание на дресирањето на своето куче и ако не знае какво големо битие се крие во малото тело на биглот.