310
Минесота Тимбервулфс беа казнети од НБА со 250.000 долари.
Според соопштението на НБА лигата, Минесота Тимбервулвс се казнети поради непочитување на правилата околу тренинзите.
Во септември тренираа во приватна сопственост на новиот малцински сопственик Алекс Родригез, поточно во неговата сала во Мајами.
„Кошаркарската организација на Минесота Тимбервулвс беше казнета со 250.000 долари поради прекршување на правилата на НБА лигата кои бараат од тимот да не тренира надвор од терените за тренинзи на својот домашен пазар. Инцидентот се случи во септември 2021 година, кога играчите на Минесота тренираа во Мајами“, се наведува во официјалното соопштение на НБА лигата.