Пристигнува првиот Кинез во Формула 1 (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Кинескиот возач Гуанг Жу следната сезона ќе вози во тимот на Алфа Ромео, соопшти денеска швајцарскиот тим.

Џу (22) со тоа ќе стане првиот кинески возач во историјата на Формула 1, а во тимот ќе го замени Италијанецот Антонио Џовинаци, додека вториот возач на тимот Кими Раиконен ќе ја заврши кариерата на крајот од сезонава.

„Од мал сонував да се искачам што повеќе во спортот за кој сум приврзан, а сега сонот се оствари. Моја привилегија е да ја започнам мојата кариера во Формула 1 со култниот тим, кој воведе толку многу млади таленти во Формула 1. Сега сонот стана реалност“, изјави Жу.

Покрај кинескиот возач, за Алфа Ромео следната сезона ќе вози и Валтери Ботас, актуелниот возач на Мерцедес.

Џу вози во Формула 2 од 2019 година, забележа четири победи, а во тековниот шампионат на две трки пред крајот го зазема второто место.

Слични содржини