374
Денес дознав од медиумите и сум запрепастен. Најодговорно тврдам дека не може да се контролира ситуацијата, бидејќи се работи од 500 до 600 дуќани, магански и деловен простор и друг вид на простории, вели директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски во изјава за ТВ 21, околу тоа дали знаел дека во подрумските простории од објектот се „копаат“ биткоини.
На прашањето дали има забележано некакви комбиња во тој дел од ГТЦ, Трајчевски категорично демантираше.
-Не сум забележал ништо. Дуќанџиите оставаат долу возила и комбиња, се врши дотур на стока. Утре ќе стапам во контакт со МВР и органите за да видиме што понатаму, прецизира Трајчевски.