Шекеринска: Ако имаме ситуација падни – стани, никој во ЕУ нема да се потресе и да бутка кон решение

од Берта Китинска
260 прегледи

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека постојат две полувремиња како во фудбалот во однос на новата влада во земјава и најавената интеграција во ЕУ.

-Првото да фокусиран на стабилизира на мнозинствоот и вториот фокусиран на нашата втора стратешка цел, а тоа е  ЕУ. Не сакам да ги зголемувам очекувањата за работи кои не зависат од нас. Тоа што зависи од нас го исполнуваме, но тоа што не зависи од нас не можеме да го подгреваме или ладиме на ринглата. Во случајот почетокот на преговорите со ЕУ зависи од Бугарија и од консензусот во рамките на Унијата. Не можеме да дефинираме што ќе се случи на Европскиот самит, но од наша страна не смееме да и дадеме алиби на бугарската страна или на било која друга страна да го обезбеди статус квото, кажа Шекеринска во гостувањето на Утрински брифинг .

Таа уште еднаш напомена дека потребно е стабилно политичко мнозинство и влада за да се движиме кон ЕУ.

-Ако ние немаме влада со полн капацитет, ако имаме ситуација падни – стани, никој во ЕУ нема да се потресе и да бутка кон решение и кон почеток на преговори, ако кај нас во Скопје не гледа апетит за такво нешто, значи тоа е првото полувреме. И мислам дека тука треба да ја гарантираме безбедноста на владата, да биде јасно дека мнозинството е обезбедено и да бидеме во полн капацитет, нагласи министерката додавајќи дека во овој момент секоја дискусија е преуранета и не дефокусира од стратешкиот интерес кон кој треба да се насочи целата енергија, политичка, владина, институционална па и медиумска, смета министерката.

Слични содржини