309
Јасно е кај сите нас дека треба промена која нема да биде само кадровска. Многу често енергијата ќе се потроши во промена на картите на масата, ама ние треба да ја промениме и играта. Тоа значи дека треба да ги преиспитаме некои од нашите политики, нагласи министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговарајќи на прашањето за новото парламентарно мнозинство и состојбите во СДСМ.
Таа нагласи честитката на премиерот на победата на опозицијата е нов станадард во македонската политичка сцена.
-На овој пат СДСМ покажа дека учел од своите грешки и тие лекции треба да ги научи во другите сфери, да направиме сериозна анализа што функционирало, што не функционирало, рече таа.