Суперѕвездата на Аргентина, Лионел Меси беше стартер во баражот за Светското првенство со Бразил, кој заврши 0-0, но призна дека се уште му недостига ритам на игра поради повредите во текот на есента.
„Подолго време не сум играл редовно. Беше многу интензивен натпревар со Бразил, а сè уште ми недостасува ритам на игра. Се чувствувам добро, инаку не би играл, иако не сум во најдобра физичка кондиција. Не е лесно да се влезе во игра со толку брзо темпо, но за среќа се чувствувам добро после тоа. Се надевам дека ќе ја завршам годината на најдобар можен начин“, изјави фудбалерот на Пари Сен Жермен за „Tyc Sport“.
Меси ги пропушти последните два натпревари на ПСЖ, но се врати да игра за Аргентина за натпреварите со Уругвај и Бразил. Веројатно ќе биде во линија со парижаните за натпреварите со Нант во сабота за првенството и со Манчестер Сити следната среда во Лигата на шампионите.