Денес со делегацијата го посетивме Павилјонот на Република Северна Македонија на Експо Дубаи 2020, најголем меѓународен настан на кој учествуваат над 190 земји, а се очекуваат над 25 милиони посетители, соопшти спикерот Талат Џафери.
Според него, претставени сме под мотото „Нови можности”, како дестинација на можности за странски инвестиции, бизнис поволности и економска и трговска соработка.
„Претставени се и слободните економски зони, можностите за соработка во земјоделството, енергетиката“, објави Џафери.
Како што истакна Бекри Ајдини, Генерален комесар за Република Северна Македонија на Дубаи Експо 2020, земјата со сопствен павилјон се презентира како успешна приказна, земја со богато историско и културно наследство, каде во хармонија живеат различни етнички заедници. Претставена е како атрактивна туристичка дестинација во сите четири сезони, што нуди можности за авантуристички спортови и највкусна храна. Посебен акцент е ставен на презентирањето на земјата како дестинација на можности за странски инвестиции, бизнис поволности и економска и трговска соработка. Со дополнителни панели се претставени и слободните економски зони, можностите за соработка во земјоделството, енергетиката и сл.
Република Северна Македонија ќе биде во центарот на светската јавност на 22 февруари 2022 година, кога во рамки на ЕКСПО 2020 Дубаи ќе се одржи централна културна манифестација и бизнис форум за промоција на инвестициските можности.