За утре свикан состанок на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
194 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за утре закажал состанок на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Се очекува да се разговара околу неуспешната интерпелација на опозицијата минатиот четврток, како и за следните политички чекори во однос на барањето за брзи предвремени парламентарни избори.

Мицкоски денес пред медиумите изјави дека секоја лидерска средба е добродојдена, но не гледа што би се разговарало на неа.

Тој вели дека се срами од ситуацијата која настана на денот кога требаше да се гласа доверба на Влада.

-Јас се срамам што такви луѓе опстојуваат на политичката сцена. Тоа не беше успех. Денес имаме 60 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, 59 на опозицијата и 1 не знам каде. Што не ги пуштија нивните пратеници да гласаат, ќе беше 60 со 59 и пак ќе беше неуспешна интерпелацијата. Тие го засрамија секој граѓанин кој го заокружил нивното име. Буквално 59 пратеници се срам за демократијата. Власта сама себе се бојкотираше, зошто? Затоа што лидерите немаат доверба во своите пратеници, рече Мицкоски.