Нема кражба на струја во ГТЦ, велат од семејството Бајрам

од Nikola Popovski
509 прегледи

Професионален модератор во име на семејството Бајрам денес пред новинарите изнесе повеќе информации за синоќешната акција на МВР во подрумските простории на ГТЦ, каде што беше пронајдена опрема за копање биткоини.

Според модераторот, во ГТЦ не се крадело струја.

-Компјутерската опрема во изнајмените простории во ГТЦ е согласно законот, увезена во нашата држава, за која уредно е платена царина и сите останати давачки кон државата. Изнајмениот простор се користи како маганцински простор, каде се врши и сервисирање на истата компјутерска опрема, при што сервисираната опрема се подготвува за извоз, велат од семејеството Бајрам.

МВР вчера соопшти дек во магацините на ГТЦ „имало поставено машини за копање крипто валути” односно дека заради наводна интернет трговија со крипто валути.

-Според податоците, полициски службеници веднаш излегле на лице место согласно пријавата, извршиле разговори со одговорни лица на ГТЦ и со претставници од ЕВН, при што утврдиле дека за броилата, кои се во приватна сопственост, не е утврдена било каква кражба на електрична енергија, по што е утврдено дека не постојат елементи за сторено кривично дело, казниво согласно Кривичниот законик, информираа синоќа од МВР.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот официјален профил на Фејсбук напиша дека синовите на поранешниот пратеник Амди Бајрам во магацин од ГТЦ имаат голема „графичка фарма“ за копање на биткоини, со многу компјутери кои трошат многу струја на ден, а „копаат“ до еден милиони евра месечно.

Слични содржини