ЕСМ демантира: Во ХЕЦ Вруток немаше експлозија, туку прекин поради осигурувач на вод

од Nikola Popovski
382 прегледи

АД ЕСМ демантира дека се случила експлозија во хидро-електраната Вруток. Според нив, станува збор за краток (петнаесетминутен прекин) во работата на хидроцентралата заради осигурувач на вод кон гостиварските села.

-Хидроелектраната и целиот Хидросистем Маврово продолжуваат да работат најнормално. Вакви и слични појави во работата на инсталациите се случуваат многу често и не се никаква непознаница. Заради тоа, ги оценуваме како тенденциозни написите за експлозија во ХЕЦ Вруток објавени во дел од медиумите, без претходно да се провери информацијата, повикувајќи се на неименувани извори. Објавувањето на непроверени и лажни информации го доживуваме како атак врз компанијата кој не е полза ниту на АД ЕСМ, ниту на јавноста, велат од АД ЕСМ.

Хидроелектраните според актуелната состојба на акумулациите, имаат потенцијал од само околу 10 отсто.

Слични содржини