Мицкоски: Се уште ми се гади од тоа што се случи во четвртокот

од Nikola Popovski
216 прегледи

Никогаш не сум ја имал дилемата дали вреди да се порази режимот во Македонија. Јас реков дали вреди човек да се бави во Македонија со политика, доколку ова што се случува стане пракса. Треба да се бориме против патентот на режимот на СДСМ и ДУИ. Тоа во четвртокот беше сериозен удар за демократијата на земјава, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Топ тема“, за тоа дали се уште чувствува гадење од тоа да се извршува политичка функција во Македонија.

Тој повтори дека „се уште му се гади“ од тоа што се случило денот кога имаше обид за гласање недоверба на владата.

-Тоа се пратеници на народот, а не Заев или Мицкоски, вели Мицкоски.

Во однос на пратеникот Кастриот Реџепи, Мицкоски вели дека „поддршката кон владата не се прави со молчење, ниту со отсуство. Тоа не треба да се прави со бојкот“.