СДСМ има поголем потенцијал за коалиција од ВМРО-ДПМНЕ и тоа се покажа во четвртокот, вели поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев во емисијата „Клик плус“.
Тој е категоричен дека за брзо време соодносот во Собранието нема да биде 60:60.
-Подаваме рака на целиот демократски совет и на сите пратеници. Пратениците и политичките партии со исто вредности како нашите се многу повеќе во државата, отколку оние кои сакаат државата да стои во место. Секое лошо за добро е. Ќе излезе поголема и постабилна од ова. Во моментов преговараме и со Алтернатива и за брзо ќе се знае се, рече Богоев.
Тој во една прилика му се обрати на соговорникот во емисијата, Сафет Бишевац, велејќи му дека „ако седнете со Апасиев на иста маса, тогаш сте ретроградна сила“.