330
Од пред 5-6 години знаеме дека мајстори во оваа држава за купување, контролирање и пазарење пратеници се ВМРО-ДПМНЕ. Бишевац добро се сеќава на ова, вели поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев во гостувањето на емисијата „Клик плус“.
Тој потсети на периодот, кога според него, „владата на Груевски ги тераше пратениците да потпишуваат меници“.
-Јас имам информација дека и во неколку општини во Скопје и во внатрешноста во моментов, веќе се тераат советници на ВМРО-ДПМНЕ да потпишуваат меници исто како што се тераа да потпишуваа меници во Собранието, за да гласаат буџет, па имавме тепачки. Сега најверојатно потпишувањето меници е за урбанистички планови, додаде Богоев.