„Поцрвене“ новата корона-мапа на Европа: Во зелена зона само еден остров (ФОТО)

од Nikola Popovski
267 прегледи

Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) објави нова мапа на која е прикажана епидемиолошката состојба во земјите на ЕУ.

Секој четврток, ЕЦДЦ ја ажурира најважната карта за коронавирусот во Европската унија, според која земјите-членки на ЕУ донесуваат мерки и ги утврдуваат правилата за влез и излез од одредена земја токму според бојата што ја има земјата на оваа карта.

Боите за поединечни области се одредуваат со комбинација на потврдени случаи на инфекција во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестираната популација.

Ситуацијата оваа недела може да се каже дека е многу полоша од претходните недели, со оглед на тоа што во зелената зона е само Сардинија.

Како што можеме да видиме, повеќето европски земји се во темноцрвената зона, меѓу кои и Македонија.

 

Слични содржини