РЕК „Битола“ работи на минимум, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Вчера, вели тој, работел само еден блок, и тоа со 20 % од капацитетот.
„РЕК ‘Битола’ е слика за водењето на Македонија од СДСМ. Во моментов Блок 3 е надвор од погон. Неговото санирање може да трае и цела година. Санацијата на цевките на котелот на Блок 1 не знаеме во која фаза е. Работи само Блок 2. Јаглен на депонијата нема, увозот на знаеме до каде е. Ете тоа е состојбата во којашто СДСМ го доведе најголемиот производен капацитет РЕК ‘Битола’. До сега се потрошени над 11 милиони евра за увоз на струја, плус 15 милиони за плаќање на украдената струја од европската мрежа. На 26-те милиони евра, се планираат 65 милиони за дополнителни трошења. Вкупно ова се ќе чини 90 милиони евра. Доколку се копаше јаглен сето ќе завршеше за помалку од 20 милиони евра. Да сумирам неспособноста и лакомоста на СДСМ чинат 70 милиони евра“, изјави Стоилковски.
„Се фалеа со профит на ЕЛЕМ, а денес гледаме дека ЕЛЕМ е еден од најголемите загубари во Македонија. Финасиската инјекција од Владата се пари на граѓаните за уште малку да се преживее до утре, задутре, можеби само три дена“, додава Стоилковски.