Николоски: Исчезнувањето на Реџепи е како сценарио од серијата за Ескобар

од Nikola Popovski
268 прегледи

Да не го правиме народот глупав. Добро знаат дека Реџепи исчезна поради закани, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Клик плус“.

Според него, сето ова било како сценарио од латиноамерикански филм.

-Прво го снема и ги исклучи телефоните, па да напише статус на Фејсбук. Потоа син му заедно со лидерот на БЕСА Биљал Касами го пријавуваат во полиција. Се јавува со едно видео со бел ѕид позади, каде што чита еден целосно уплашен човек. Ова ме потсетува на серијата за Пабло Ескобар, каде што тој на луѓето им нуди „plata o plomo“ (сребро или олово), каде што или ќе прифатат поткуп или ќе го загубат животот. Нема друго објаснување. Ова е стилот на владата. Латиноамериканскиот филм може ќе даде живот уште некое време, но нема за долго, обвинува Николоски.