ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Брзи избори се решение за политичката криза

од Берта Китинска
251 прегледи

Само брзи избори се решение за политичката криза, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки по вечерашната седница, било заклучено  дека најдобро решение за излез од политичката криза во државата е одржувањето на предвремени парламентарни избори , бидејќи со СДСМ не може да има нова влада, туку само продолжување на политичката криза во земјата.

-На овој конгрес ќе се трасира патот на идното делување и политиките на ВМРО-ДПМНЕ во насока на нашите ветувања за обезбедување на промени во општеството и нова иднина за сите луѓе во Македонија, изјави Ковачки.

На комитетот се разгледувале и партиски прашања, при што било одлучено на 12-ти декември да се одржи конгресот на партијата.