Инспектори од Единицата за економски криминал при СВР Скопје и полициски службеници од ОВР Аеродром вчера ги лишиле од слобода М.У.(63) и Д.П.(38), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, соопштија од МВР.
„Постапувајќи по пријава примена во 18.30 часот од страна на раководно лице во Железници на РСМ – Транспорт, според која во канцеларија опремена со компјутери, во која биле неколку вработени, забележал поголема потрошувачка на струја поради што се посомневал во копање на криптовалути, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки и активности ги привеле двете лица вработени Железници, кои ја користеле канцеларијата, при што било извршено и запечатување на просторијата. По расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, додаваат од МВР.