257
„Притисоците и деградирањата на луѓето кои се поистоветуваат со Левица продолжуваат, како непрекинат притисок врз партијата за да се компромитираат нашите активности“, тврди денеска на прес Амар Мециновиќ.
Тој тврди дека мајката на нивната кандидатка за советничка во Град Скопје, која од 2001 година во Фондот за здравствено осигурување работи како деловен секретар со статус на јавен службеник, со последната наредба потпишана од двата директори на Фондот – СТЕВО КРСТЕВСКИ и ФАТОН АХМЕТИ таа се задолжува на работно место кое се предвидува за службеници со средно образование.
„Со оваа наредба, таа се деградира – и тоа, бидејќи нејзината ќерка на Фејсбук споделила статус на претседателот на Левица – Димитар Апасиев“, истакнува Мециновиќ.