Ѕвездата на Баерн Минхен, Џошуа Кимих мора да оди во изолација по втор пат за кратко време бидејќи бил во директен контакт со лице заразено со коронавирус и одбил да се вакцинира, па Баерн ќе го казни со одземање на дел од платата.
Германскиот репрезентативец на тој начин ќе остане без 800 илјади евра.
Директорот на Баерн, Хасан Салихамиџиќ изјави дека сите играчи на клубот ќе мора да се вакцинираат бидејќи само така ќе се надмине пандемијата.
Кимих тврдеше дека не е против вакцинацијата, туку дека повеќе би сакал да чека долгорочно научно истражување. Но, Баерн одлучи Кимих, кој заработува околу 20 милиони евра годишно, да не добива плата за периодот што ќе треба да го помине во карантин, а таа изнесува околу 800 илјади евра.
Оваа одлука има правна основа бидејќи во Баварија неодамна работодавачите не се обврзани да им плаќаат на невакцинираните работници додека се во карантин.
Џамал Мусиала, Серж Гнабри, Ерик-Максим Чупо-Мотинг и Мајкл Куисанс се уште не се вакцинирани од играчите на Баерн, а германските медиуми пишуваат дека се очекува и тие да разговараат со раководството на клубот и да бидат информирани за намалувањето на платата.