Арсовска да не брза со одлуката за БРТ, порача Бочварски

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Верувам дека Градот Скопје и новата локална власт ќе ја променат одлуката за запирање на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) после сознанијата кои ќе ги добијат за бенефитите од воведувањето на ваквиот превоз во Скопје, порача министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

-Ова е проект кој е планиран неколку години и согласно одлуките во Град Скопје е поднесено барање во Владата за изнаоѓање средства за финансиска поддршка за што се завршени постапките и се обезбедени средства, а и во Собранието е поминато и одобрено задолжувањето со кредит од 70 милиони евра преку ЕБРД. Проектот е одлично оценет од меѓународните експерти дека со него се решава едно големо прашање. Затоа е добро да не се брза со таквите одлуки зашто носи многу бенефити, а и не видовме аргументи од другата страна зошто се запира проектот за брз автобуски превоз, рече Бочварски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.