468
Мислам дека пандемијата ја исцрта една од најјасните граници меѓу луѓето. И навистина мислам дека треба да не загрижи бројноста на групата која е заглавена во 16 век, пишува на својот Фејсбук професорката Мирјана Најчевска во врска со новите ковид мерки.
-Има болест од која се умира.
Се шири низ светот.
Откриен е вирусот кој ја предизвикува.
Откриена е вакцина која помага.
Дискриминација би имало ако:
-има вакцина, меѓутоа им се дава само на одредени луѓе, а не на сите
-само некои луѓе се тераат да се вакцинираат, а не сите
-вакцината се купува, а тоа не може да го платат одредени луѓе
Другото е незнаење и примитивизам, стои во една од објавите на Најчевска поврзани за вакцинацијата и дали и кога би постоела дискриминација.