Се јави Шуаи Пенг – жива е и здрава

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Откако неизвесноста траеше неколку дена бидејќи никој не знаеше каде е и дали е воопшто е жива, кинеската тенисерка Шуаи Пенг се јави преку видео повик на претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах.

Светот на спортот беше загрижен за 35-годишната кинеска тенисерка, која исчезна од социјалните мрежи и од јавниот живот веднаш откако објави инкриминирачки информации за пензионирани политичар.

Да потсетиме, Шуаи Пенг, некогаш првата светска тенисерка во двојки и победничка на Вимблдон и Ролан Гарос, на 2 ноември објави дека поранешниот кинески вицепремиер Џанг Гаоли ја принудил на секс додека неговата сопруга чувала стража пред вратата.

Нејзината објава на Веибо беше избришана по половина час, а Пенг никаде не се појавуваше и не се огласуваше, што предизвика стравувања за нејзината безбедност низ целиот тениски свет, а во приказната се вклучија и Обединетите нации, Белата куќа, организациите за човекови права…

Претседателот на МОК Томас Бах оствари видео повик со тенисерката, па конечно од релевантен извор стигна потврда дека се е во ред со неа. Во соопштението на МОК се вели дека Бах разговарал со Пенг повеќе од половина час по нејзиното речиси тринеделно отсуство од очите на јавноста.

„Таа објасни дека е безбедна и се чувствува добро, дека живее во нејзиниот дом во Пекинг, но и дека би сакала да се почитува нејзината приватност во моментов. Времето го поминува со пријателите и семејството и рече дека ќе продолжи да игра тенис“, се вели во соопштението.

Слични содржини