Министерот за здравство Венко Филипче и претставниците на синдикатите договорија неколку барања во пресрет на утрешната владина седница, на која ќе се разгледаат новите предлог-мерки за справување со ковид-пандемијата.
-Договорено се три барања. Првото е мерката од моментот на донесување да важи после 15 денови, со цел да се доедуцираат членовите на синдикатот. Второто е да бидат дадени два слободни денови од денот на примањето на вакцината, за тие што планираат да се имунизираат и третото барање е за оние кои нема да се вакцинираат. ПЦР-тестовите, кои се како алтернатива секоја недела, на место на свој трошок, ќе бидат на товар на работодавачот, информира Филипче.
Министерот најави дека исто така е донесена препорака задолжителната вакцинација на работното место да важи и за приватниот сектор.
-Сите овие нивни предлози ќе ги дискутираме на утрешната седница на Владата, изјави Филипче.