Османи: Работа ми е да вршам притисок насекаде, Бугарија може да го повлече ветото и на 16-ти декември

од Nikola Popovski
266 прегледи

Десет часови траеше кризата во државата. Чекавме да видиме дали ќе падне Владата и таа не падна, но тие 10 часа целиот фокус на големите ЕУ сили беше кон нашата земја, шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи во емисијата „Клик плус“.

Според него, интересот на големите западни и европски земји за Македонија е голем.

Тој вели дека е негова работа да врши притисок насекаде, и во Брисел и во Скопје.

-Ние работиме на 14 декември да добиеме датум за отпочнување на преговори. Ако не биде тоа, може и на 15 декември, па може и на 16 декември Бугарија да го повлече ветото, рече Османи.

Во однос на партијата Левица, министерот за надворешни работи смета дека мнозинството со таа партија, води кон дестабилизација на земјата.

-Една партија која во својата програма има напишано дека потребно е да излезе од НАТО, тоа води кон дестабилизација. Тоа е неприфатливо. Замислете во Германија да има партија која бара Германија да биде надвор од НАТО и да биде дел од Влада? Незамисливо. Значи ние сме отворени за соработка со сите партии, освен со Левица, истакна Османи.

Слични содржини