Пејачката Северина Вучковиќ моментално ужива на Малдивите, од каде објави фотографија во бикини и воодушеви илјадници свои следбеници.
Таа позираше во бикини и ја покажа својата совршена фигура, а нејзините обожаватели не штедеа комплименти.
„Woooow“, „Убава млада дама“, „Изгледаш одлично“, „Премногу си згодна“, се само дел од коментарите под фотографијата.
View this post on Instagram
Северина за неколку месеци ќе го прослави својот 50-ти роденден и официјално ќе зачекори во шестата деценија од животот, на која секако и пркоси со својот изглед. Пејачката не крие дека често вежба и се грижи за својот изглед.
Да потсетиме, Северина последните месеци беше во центарот на вниманието на јавноста поради наводната љубовна врска со српскиот композитор Филип Милетиќ.
Северина и Филип почнаа да соработуваат пред повеќе од 10 години, кога ги направи нејзините хитови „Бред Пит“, „Узбуна“, „Италијана“ и многу други. Тој тогаш беше во сериозна врска со пејачката Ана Бебиќ, која заврши неславно. Уште тогаш се шпекулираше дали Северина е виновна за раскинувањето со Ана, но и двајцата тогаш тоа го демантираа.