241
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил упати сочувство до семејствата на сите жртви во страшната несреќа која се случи во Бугарија.
„Страшна трагедија! Сочувство до семејствата на сите жртви и брзо и целосно опоравување на сите повредени. Во овие моменти на колективна тага, нашите мисли и сила ги упатуваме кон оние кои ги загубија своите најсакани – вечен да им е споменот!“, пишува Шекеринска.