Властите на шпанскиот остров Ла Палма денеска побараа од жителите на три крајбрежни градови да останат затворени откако нов млаз лава се излеа во океанот, испраќајќи густи облаци од потенцијално отровни гасови високо на небото, при што околу три илјади луѓе се речиси ставени во карантин.
На жителите во Тазакорте, Сан Бордон и делови од Ел Кардон им било кажано да останат во своите домови со затворени врати и прозорци.
Третиот тек на лава од вулканот Кумбре Виеха, кој „работи“ два месеца, стигна до водата околу пладне неколку километри северно од местото каде што двата претходни потока стигнуваа до морето.
Војници од Единицата за вонредни ситуации се распоредени за мерење на квалитетот на воздухот во областа.
Аеродромот исто така е затворен и најверојатно нема да работи во следните 48 часа поради неповолните временски услови, изјави Мигел Анхел Моркенде, технички директор на Комитетот за реагирање на ерупцијата.