244
Беким Алити од утрово е пред претставништвото на компанијата “Беса транс“ во Скопје чекајќи информации за неговата жена и сопругата на својот брат.
-Немаме никакви информации, никој не не бара , од агенцијата не ни креваат телефон. Мојата сопруга беше во автобусот, заедно со сопругата на мојот брат. Последен пат ми пиша во 4 часот вчера попладне, кога требало да тргнат. Го видов списокот, но не пишува кој е жив а кој е мртов, кажа Беким Алити.
На автопатот Струма синоќа загинаа 46 македонски туристи, меѓу кои 11 деца. Луѓето се враќаа во Скопје по патување во Истанбул. Преживеаја 7 лица, сите се вон животна опасност и се сместени во „Пирогов“.