Вакви големи катастрофи секогаш се последици на повеже несреќни околности. Сега започнува да ги видиме причините. Очекуваме од бугарските истражни органи во еден разумен рок да ги утврдат причините и одговорностите. Не смее да се брза, некогаш и недели се потребни, вели деканот од Факултетот за безбедност, Никола Дујовски во емисијата „Топ тема“, околу денешната трагична автобуска несреќа.
Тој истакнува дека во ситуција кога нема многу сведоци и кога се се случило брзо, не може да има јасен исказ за тоа што се случило.
-Во таква ситуација истражните органи ќе се потпрат на немите сведоци. Форензичарите до детал треба да провера и да истражат. Според изјавите од сообраќајните експерти во Бугарија, кои биле на лице место на несреќата, тие велат дека пожарот избувнал во предниот дел. Тоа не е вообичаено и многу брзо се префрлил во остатокот од автобусот. Резервоарите во автобусот се распоредени за да се заштити целото возило, рече Дујовски.