300
После трагедијата во Ласкарци, дадовме еден куп анализи и мислења. После денес изгледа дека како држава и систем не мрднавме ниту еден чекор напред, за да ги подобриме состојбите, вели експертот и поранешен началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски во емисијата „24 анализа“.
Според него, немаме безбеден сообраќај.
-Поставуваме шпекулација дека во автобусот имало несоодветен превоз на нафта и нафтени деривати. Согласно законот, тоа е најстрого казниво. Вештаците и увидните екипи ќе утврдат дали имало нафта или други горива надвор од пропишаната структура во моторот од автобусот. Не се сомневам во професионалноста на бугарските експерти и крим-техничари, кои ќе ги дадат причините за трагедијата, потенцира Ѓурчевски.