Бектеши со поддршка за одлуката за разрешувањето на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј

од Vladimir Zorba
159 прегледи

„Давам целосна поддршка на одлукaта за разрешување на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Како надлежна институција во областа на енергетиката Министерството за економија во континуитет бара одговорно, домаќинско и професионално менаџирање на институциите“, напиша на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши по повод одлуката на Управниот одбор на АД ЕСМ за кадровски промени со кои се разрешени директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј.

Министерот напиша дека нема да има ценовни шокови кај електричната енергија од јануари следната година и дека нема да има има рестрикции на електрична енергија.

„Посветено ја следиме работата на сите енергетските компании“ напиша Бектеши

Слични содржини