Рама: Се одлучивме за „Отворен Балкан“, затоа што веќе не можеме да ја чекаме ЕУ

од Nikola Popovski
245 прегледи

Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска изјави дека Албанија, Србија и Северна Македонија се одлучиле за иницијативата „Отворен Балкан“, бидејќи веќе не можат да ги чекаат ветувањата од Европската унија.

Во онлајн обраќањето на панелот за „Отворен Балкан“ во српскиот парламент, Рама рече дека економиите во регионот долго чекаат на оваа иницијатива и дека таа преку отворени граници за стоки, услуги, луѓе и капитал ќе овозможи побрз економски развој на сите три земји.

„Би рекол дека сега сме во фаза на иницијатива кога ќе почнеме да правиме некои работи конкретно, во последните неколку сесии направивме важни чекори кои ќе бидат конкретизирани во декември на самитот во Тирана со потпишување договор и тоа ќе значи полесно услови за работа за компаниите и луѓето имаат проблеми поради границите и бирократијата“, рече Рама.

Тој посочи дека иницијаторите на „Отворен Балкан“ не треба да „губат време“ за да ги убедат другите економии од регионот да и се придружат и да ги убедат колку е вредна.

„Тоа ни е очигледно, затоа сме дел од оваа иницијатива. Горд сум што чекорите што ги правиме се такви што навистина имаат големо влијание врз граѓаните, врз луѓето што произведуваат, што извезуваат“, рече Рама.

Тој објасни дека трите земји одлучиле да ја покренат оваа иницијатива, бидејќи, додаде, низ берлинскиот процес виделе какви чекори презеле.

„Меѓутоа, Западен Балкан некако „запна“ во таа иницијатива и тој процес стана еден вид бескрајна приказна. Забележавме дека сите овие собири и декларации што се даваат во рамките на Берлинскиот процес, во практичниот живот ништо од тоа не се случува“, рече Рама.

Најголем проблем, посочува, е што сите земји од Западен Балкан не можеа да најдат консензус и дека „секому му одговара“, пренесува Танјуг.

„Не можеме да ја чекаме и ЕУ, тие можат да ветат нешто, па не исполнуваат, па пак ветуваат, па не исполнуваат, тоа зависи од нив… Не можеме повеќе да чекаме, мораме да одиме напред“, рече Рама.

Слични содржини