Бугарија ќе прати обвинител и истражител во земјава за да земат ДНК од семејствата на загинатите

од Nikola Popovski
165 прегледи

Тим од шест истражители од Националната истражна служба и тројца обвинители од Окружното обвинителство Перник ќе работат на предистражната постапка за тешката сообраќајна несреќа на автопатот Струма, во која загинаа државјани на Република Северна Македонија, вели за  „БТА“, Сијка Милева, портпаролка на јавниот обвинител.

Таа додала дека имајќи го предвид меѓународниот елемент на случајот, обвинителите дале целосна помош и координација во врска со испраќањето на барањето за правна помош. Во однос на меѓународната правна соработка, прецизирани се најкратките можни рокови за доставување на потребните документи, вели обвинителката Милева.

Во оваа насока, главниот обвинител од Бугарија Иван Гешев ќе испрати до Скопје обвинител и истражител од тимот, кои ќе го достават барањето за правна помош до Обвинителството на Република Северна Македонија.

-Со оглед на брзината и ефикасноста, тимот лично ќе ги добие потребните документи. За да се идентификуваат загинатите македонски државјани, бугарскиот тим ќе добие и ДНК-профили на роднините на жртвите за да ги спореди со ДНК-профилите на жртвите за што поскоро да ги идентификува, додаде Милева.

Таа објасни дека е создадена потребната организација за брза и ефикасна истрага, има поделба на работата по посебни сектори и области. Главниот обвинител на Република Бугарија Иван Гешев е во постојана комуникација со главниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески. Обвинителството работи со максимална брзина на утврдување на причините за тешката несреќа, како и за брзо ослободување на телата на загинатите, коментира Шиика Милева.

Слични содржини