Експерти: Делницата од „Струма“ е изградена од македонска компанија, но виновен е бугарскиот проектант

од Nikola Popovski
434 прегледи

Делницата од автопатот „Струма“, каде изгоре автобусот, ја изградила македонска компанија пред неполни 20 години, изјавија патни експерти од Ќустендил, запознаени со реализацијата на проектот, пренесе бугарската телевизија „Нова“.

Проектот е на бугарска фирма, а Македонците биле само изведувачи.

Според експертите, изградбата на делницата по добиен тендер ѝ е доверена на македонска компанија.

-Но, комплицираната ситуација со одморалиштето со чешма од страничниот дел на патот била предвидена од бугарскиот проектант, а не од македонските изведувачи. Значи, не е виновен изведувачот. Инаку, трасата е во добра состојба и е добро одржувана, заклучуваат експертите.

Слични содржини