Нејмар загуби топка, па му порачаа да ја смири играта. Тогаш почна кавга (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
285 прегледи

ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН загуби на гостувањето кај Манчестер Сити (2:1) во 5.коло од групата А на Лигата на шампионите, а во текот на натпреварот можеше да се види жива дискусија помеѓу Нејмар и Леандро Паредес.

Двајцата играчи на францускиот тим си размениле неколку остри зборови откако Бразилецот кон крајот на полувремето загуби една топка на својата половина. Паредес му гестикулираше на Нејмар да ја смири играта и да не брза, но тоа не и се допадна на ѕвездата на ПСЖ, па дојде до расправија.

Што се случуваше на теренот погледнете на следниот линк!

Сити беше многу подобар тим во првото полувреме и создаде неколку одлични шанси, а тоа беше дополнителна причина за нервоза кај гостинските играчи.

За среќа на ПСЖ, РБ Лајпциг го победи Клуб Бриж во Белгија со убедливи 5-0 и на тој начин го реши прашањето за минување во следната фаза. Сити ќе биде во осминафиналето како победник во групата, а таму ќе му се придружи и францускиот тим.

Слични содржини