КРИСТИЈАНО РОНАЛДО налутен влегува во соблекувалната, се соблекува и им вика на соиграчите: „Играме како го*на! И јас играм како го*но! Играме апсолутно ужасно и веднаш мора да се собереме! Тоа е факт. Ова е натпревар во Лигата на шампионите и мора да покажеме карактер!“
Сите до еден молчат на оваа тирада на Роналдо во комбинација на италијански и шпански, зјапајќи во подот или во празнината. Единствениот кој му приоѓа и го смирува држејќи го за раменици и велејќи му дека мора да биде пример за другите е Хуан Куадрадо. Роналдо уште повеќе полудува на ова и вика: „Не им го кажувам ова само на другите, и јас сум ужасен!“ На тоа Куадрадо почнува да му вика на Роналдо, а многу напнатата ситуација едвај ја смирува тренерот Андреа Пирло обраќајќи им се на двајцата: „Доста Хуан, доста Крис!
https://www.youtube.com/watch?v=XkuhTEfQPHc&feature=emb_title
Ова е сцена која протече од документарниот филм на „Амазон“ „Јувентус: Сè или ништо“, кој одвнатре ја прикажува минатата сезона на Јувентус.
„Рикањето“ на Роналдо во соблекувалната е на полувремето од осминафиналето на Лигата на шампионите во Торино против Порто, при водство на гостите со 1:0, откако во првиот натпревар на домашен терен победија со 2:1. Се чини дека мотивирачкиот говор на Роналдо вроди со плод бидејќи Јувентус потоа направи резултат на 2-1 и имаше играч повеќе, но потоа победи по продолжение со пирови 3-2 и предвреме испадна од Лигата на шампионите.
Роналдо беше платен од италијански Јувентус за рекордни 112 милиони евра, но петкратниот освојувач на Лигата на шампионите за три години во Торино не успеа таму да ја донесе европската титула.