Експертот за морска индустрија МекКон, кој раководи со Blue Alpha Capital во САД, собра маржа во третиот квартал за Splash247 и ги спореди со интернет гигантите како Facebook, Amazon, Netflix и Google, заедно познати по кратенката FANG. А резултатите се неверојатни.
Профитот на индустријата од 48,1 милијарди долари во третиот квартал е речиси 50 отсто поголем од вкупниот профит на FANG, пишува Бонитет.
Кога ќе се спореди со огромната заработка на Apple и Microsoft заедно, профитот остварен во индустријата за транспорт на контејнери е сè уште речиси 15 проценти поголем.
Сајтот Splash247 кој се занимава со оваа индустрија пишува дека компаниите се на добар пат да остварат комбиниран профит од 200 милијарди долари.
Пресвртот во неодамнешните резултати во таканаречениот транспорт со контејнери е без преседан. Речиси не постои индустрија што пораснала толку силно во нето финансиските резултати, рече МекКон во новиот извештај.