На 25.11.2021 во 17.30 часот на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Т.Ж.(25) и З.Ж.(56), двајцата од Битола. При претрес во домот и возилото „мерцедес” на Т.Ж., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, пари и други предмети кои потекнуваат од кривично дело. Притоа, неговиот татко З.Ж. ги попречувал полициските службеници во извршување службени дејствија.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.

Слични содржини