319
МАНЧЕСТЕР Јунајтед доби нов тренер, откако Ралф Рагник ќе седне на клупата на „црвените ѓаволи“.
Германецот важи за еден од најценетите фудбалски стручњаци, а во јавноста се појавуваат се повеќе информации за него, со оглед на тоа дека важи за помалку познат тренер во Европа, а и не бил многу успешен.
Сепак, колку одлуката на Јунајтед била на место најдобро покажуваат зборовите на Јирген Клоп, кој го пофали новиот тренер на тимот од „Олд Трафорд“.
– Ралф е еден од најдобрите, ако не и најдобриот германски тренер, изјави Клоп.
Да потсетиме, Клоп со Ливерпул ги освои Премиер лигата и Лигата на шампионите, додека Јунајтед се мачи откако Алекс Фергусон си замина од клупата.