Инспекцијата влезе во просториите на „Беса транс“

од Nikola Popovski
301 прегледи

По неколку неуспешни обиди во текот на денешниот ден, полициски служби и инспектори влегоа во просториите на компанијата „Беса транс“ во Скопје.

Полицијата постапува по налог на Обвинителството, кое што отвори предмет по укажувањата за можни прекршувања на законот при превоз на патници.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес на прес-конференција откри дека сопствениците на Беса транс се достапни и со нив се разговара.

-Ги чекаме наредбите од ОЈО и врз основа на нив ќе постапуваме, затоа што сето тоа што не се прибира како материјал, побарано од истражните органи, не се користи како доказен материјал. Започнато е со прибирање информации. Во моментов не можеме да кажеме со колку патници е разговарано и дали има приведени, рече Спасовски и додаде дека има пронајдени корисни информации во запленетите компјутери од компанијата превозник, но според него, тоа се аргументи што ќе ги разгледуваат обвинителите.

Слични содржини