Роналдо плаче во соблекувалната на Јувентус по елиминацијата во ЛШ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Откако во јавноста протече сцена од документарниот филм на Амазон за Јувентус во кој Кристијано Роналдо им вика на соиграчите, објавено е видео на кое Португалецот жали за испаѓањето од Лигата на шампионите.

Викањето на Роналдо во соблекувалната се случи на полувремето од осминафиналето на Лигата на шампионите во Торино против Порто, при што гостите водеа со 1:0, откако во првиот натпревар на домашен терен победија со 2:1. Се чинеше дека мотивирачкото викање на Роналдо вроди со плод бидејќи Јувентус потоа сврте до 2-1 и имаше повеќе играчи на теренот, но потоа загуби во продолженијата со 3-2 и предвреме испадна од Лигата на шампионите.

По елиминацијата, камерите го снимија Роналдо како плаче како дете. Тој го покри лицето со рацете и буквално липаше, а изгледаше како да е сам во соблекувалната.

https://www.youtube.com/watch?v=qKgD1shx7_s

Роналдо беше платен од Јувентус за рекордни за Италија 112 милиони евра, но петкратниот освојувач на Лигата на шампионите за три години во Торино не успеа да ја донесе европската титула.