Груби: Оставката на Заев од премиерското место треба да почека

од Vladimir Zorba
266 прегледи

ДУИ ќе ја почитува внатрепартиската одлука на СДСМ за избор на нов претседател кој е најавен дека ќе биде избран на 12 декември.

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека тоа е нивно внатрешно партиско прашање кое што тие го почитуваат и нагласи дека им посакува голем успех на 12 декември на внатрепартиските избори за партиски лидер.

„Во однос на оставката од премиерското место, сметаме дека треба да се почека. Има многу важни прашања во месеците кои следат. Заедно со Заев на чело на Владата ќе треба да ги дочекаме и испратиме тие процеси, вклучително и дијалогот со Бугарија за да се откочи патот за отпочнување на преговори за ЕУ“, кажа Груби.

Слични содржини